Бесплатно образование и учебници, нови училишта и спортски сали, реконструирани училишни објекти, компјутер за секое дете, повисоки плати за наставниците и трансформирани работни односи на околу 8000 образовни работници. Ова се само дел од успешно реализираните проекти во образованието во изминатите неколку години кои придонесоа за зголемување на квалитетот на македонскиот образовен процес.
Инвестирани се околу 50 милиони евра за изградба на нови и реконструкција на постоечките училишни објекти.