Балаканското светилиште, Манастирот “Успение на Пресвета Богородица – Трескавец”, свиен како орловско гнездо на надморска височина од над 1500 метри, иако со се уште видливи траги од големиот пожар од пред две години, денеска, пак блесна во целиот свој духовен сјај. Во манастирската црква, стара повеќе од пет века, во присуство на огромен број верници, меѓу кои и претседателот Ѓорѓе Иванов, се богослужеше празнична боженствена литургија.