Летниот одмор на семејство од Србија заврши кај Клучката во Демир Капија. Не стигнаа на море. Во сообраќајна несреќа загина баба, а нејзината ќерка, зетот и две мали деца се тешко повредени.
Утрово околу 6 часот автомобил “Цитроен Берлинго” кој го управувал 40 годишен белграѓанец изгубил контрола и излетал од патот и паднал на подвозникот. На лице место починала 63 годишната Миланка, а возачот, сопругата и двете деца се здобиле со сериозни повреди.