Реализацијата на проектот за селекција на отпадот кој стартуваше во 2008 година, со што, тогаш, прилепски “Комуналец” направи пионерски чекор во земјава, во моментов, на ова комунално претпријатие му обезбедува рекордна продажба на 1000 тони селектиран отпад, што е 27 проценти од вкупниот волумен селектиран отпад, и заработувачка од 7-8 милиони денари на годишно ниво.
Приходите од продажбата на отпадот, кој главно се откупува надвор од земјава, според проекциите на претпријатието, ќе овозможат отворање на уште 150 нови работни места.