MENI

Македонија во жолта фаза: Да се избегнува физичка активност и изложеност на сонце од 11 до 17 часот

Шише ладна вода и корисен совет Црвениот крст и оваа сезона им помага на граѓаните. На топлите скопски улици, автобуски постојки каде нема чешма за вода, волонтерите делеа брошури и ги разладуваа оние кои морале да излезат надвор на сонце. Со две возила од 11 до 17 часот мобилната екипа додека трае жолтата фаза ќе биде  на најфреквентните улици во градот.

Мобилната екипа на црвениот крст е во придружба и на медицинско лице. Подготвени се да измерат  крвен притисок или пак да транспортираат некого до најблиската скопска болница.

Pages