
За 10 месеци на местото на старата зграда на полициската станица во Струмица ќе биде изграден нов модерен објект во кој ќе бидат сместени подрачни единици на повеќе институции. Проектот е вреден 1,1 милион евра, средства обезбедени од Буџетот на државата.