Во штипската ТИР зона се гради и третата фабрика. Италијанската фирма Кондево за производство на бојлери веќе почна со подготвителните работи за фабриката во која е планирано да се вработат 250 работници.
Почетокот ќе биде официјализиран идниот месец и сметам дека фабриката треба да започне со работа кон крајот на вториот квартал или третиот квартал идната година. Значи во период јуни-јули тие ќе работата и нормално вработувањата ќе започнат неколку месеци пред тоа, бидејќи треба активно да се започне со обука - изјави Виктор Мизо