Над 4 милиони евра ќе одвои државата за проекти од огромно значење за Струмица и струмичко. Регионалниот пат Мокрино Смолари, системот за водоснабдување, нов објект на министерството за финансии како и нова детска градинка се проектите на чија реализација вчера присуствуваше премиерот Груевски. Граѓаните се презадоволни со коментари дека Владата не ја заборава Струмица и струмичко. Во Ангелци беше пуштено во употреба тениското игралиште за кое што се инвестирани 12 милиони денари.