Значително се олеснува комуникацијата помеѓу населбата Николиќ и Нов Дојран. Премиерот Никола Груевски вчера го означи почетокот на градежните работи на реконструкцијата на магистралата Николиќ – Нов Дојран за што владата обезбеди 1,4 милиони евра.
Во наредните шест месеци целосно ќе се реконструираат шест киломентри пат кој секојдневното но гористат локалните жители, но и фабриката “Дојран стил“ која е еден од најголемите работодавачи во овој регион. Со реконструкцијата се решава долгогодишен горлив проблем на граѓаните, истакна Груевски.