Корисниците на Твитер, а особено они кои го следат фудбалот со страст и имаат голема љубов кон видео игрите, „полудеа“ поради фотографијата на ова момче од трибината на „Сент Џејмс Парк“. Сликана е во саботата (29 август) на натпреварот помеѓу Њукасл и Арсенал, а се гледа како во раката држи џојстик како да игра ФИФА или ПЕС.