Средношколците и оваа година ќе полагаат државна матура според стариот модел, а за септември 2016 година се одложени и измените на законот за високо образование. Ќе направиме се што е во наша моќ за да бидат вклучени сите засегнати страни на кои што се однесува законот и во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија некаде до септември 2016 година, најави вчера при посетата на Дојран, премиерот Груевски