Oсум претстави ќе се одиграат на годинешниот фестивал на античка драма Стоби.. Гостуваат театри од Грција, Албанија, Турција.. пред публиката ќе се претстават и четири домашни театарски ансамбли..
Годинава фестивалот воведува нова содржина.. публиката и театарски работници ќе дебатираат за квалитетот на современите антички претстави..
14-тото издание на стоби ќе се одржи од осми до 22-ри септември во новата зграда на велешкиот театар.. фестивалот се дислоцира поради реставрација на театарот во археолошкиот локалитет..