
Според најновиот оглас објавен од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост на земјоделците од општините Крива Паланка и Ранковце на располагање им стојат 43 хектари државно земјиште за кое ќе можат да аплицираат во следните 30 дена.