
Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска го пушти во употреба реконструираното подрачно училиште во селото Канино во кое годинава ќе учат 11 ученици.
За обнова на училиштето, општина Битола вложи 1,5 милиони денари со што се создадоа услови за непречена настава на учениците од прво до петто одделение.