Со помош на грантови во микро и малите фирми ќе се отворат 200 нови работни места. Државата ќе ги помага најмалите компании во земјава, да го зголемат бројот на вработени и да го прошират својот бизнис. За секое ново вработување, работодавачот ќе добие 92 илијади денари грант во опрема и репроматеријали или 1500 евра.
Компаниите кои ќе аплицираат ќе треба да достават бизнис план за проширување на бизнисот, а потоа надлежните ќе ја разгледуваат нивната валидност. Една фирма може да добие грант за од едно до пет нови работни места.