Богатото музичко творештво на Вања Лазарова е преточено во документарниот филм „Со маки сум се родила“. За доајенот на македонската народна песна во филмот зборуваат нејзините блиски соработници, според кои Вања е уметник кој се раѓа еднаш во сто години.
-Со ова што ми го приредивте, ми направивте голема чест. Ова никогаш не сум го доживеала, макар што сум поминала разни места низ светот. Ова доживување ми е најмило, рече Лазарова.
-Во еден збор кажано - се работи за лирско патување низ нејзиниот живот преку нејзината песна, рече продуцентот Иво Јанкоски.