
По спроведената централизирана набавка на вкупно 353 лекови за потребите на јавните здравствени установи, Министерството за здравство заштеди над 250 милиони денари за период од две години, информираше денеска на прес-конференција министерот Никола Тодоров.