Штипскиот сектор за внатрешни работи ја зголеми ефикасноста во расветлување на кривичните дела од класичниот криминал. Од извршени 62 кривични дела од непознат сторител само во минатиот месец, расветлени се 30.
Бележиме зголемна ефикасност од 48 % во споредба со истиот месец ланската година, кога процентот бил 37.-изјави Гордана Панајотова- портпарол на СВР –Штип
Потврда на статистиката дава и последниот случај на расветлено рабојништво во Штип. Пред три дена 21 годишник нападнал 61 година жена, удирајќи ја во пределот на главата и телото, викал гласно и и барал пари.