80 лица со инвалидитет аплицирале за добивање на грантовите од програмата на државата за самовработување. За отпочнување на свој бизнис лицата ќе добијат по пет илјади евра, а доколку вработат уште две лица ќе добијат дополнителни три илјади евра.
Лицата со инвалидност ќе добијат и обуки за бизнис план, за претприемништво и за реализација на својата бизнис идеја.
Претседателите на националните сојузи на инвалиди изразија особена благодарност за овој проект, со кој ќе се реализира нивната заложба за отворање сопствен бизнис.