MENI

Изгаснат пожарот кај Велес по 12 часовна борба со огнената стихија

Трева, нискостеблести растенија и мал дел борова шума изгореа во вчерашниот пожар кој беснееше кај езерото Младост. Опожарена е површина од над 100-тина хектари. Во локализирањето на пожарот помогнале и авионите на дирекцијата за заштита и спасување.

Повеќе од 12 часа траеше справувањето со огнот. Се уште нема потврда како настанал пожарот. Од противпожарната бригада се сомневаат дека е подметнат.

За околу една недела регистрирани се 10-тина пожари во велешко и соседните општини. Според проценките на пожарникарите, огнот опустошил територија од над 500 хектари.

Pages