
Три македонска компании од млечната индустрија добија дозвола за извоз во Руската Федерација по направените контроли од страна на Службата за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија „Россељхознадзор“.
Станува збор за компаниите „Здравје Радово“ со двата производни погона во Куманово и во Радово, Балканска млекара од Скопје и „Бучен Козјак“ од Куманово.