Седумстотини ученици од основното училиште Прпарими во тетовска Голема Речица од денес ќе можат да ја користата новата спортска сала. Објектот е еден од 145-те спортски училишни сали кои се предвидени во владиниот проект за подобрување на условите во училиштата.
Како и останатите сали од проектот во објектот ќе може да се играат десетина спортови.
Салата има и 400 седишта, со вкупна површина од 1.300 метри квадратни.