Секој трет Македонец во првите шест месеци годинава испил по една кутија диазепам. Во истиот период биле реализирани 502 илјади рецепти за овој лек, што е за 90 000 повеќе од лани. Податоците покажуваат дека граѓаните се навлечени на апчиња за висок крвен притисок и за смирување.
Од јануари до јуни биле евидентирани повеќе од 10 милиони издадени рецепти што е за 10 проценти повеќе од 2014. Секој осигуреник испил по пет кутии на лекови. Од Фондот за здравствено осигурување загрижени поради ваквата алармантна состојба. Најавија засилување на превентивата.