Каде е детската градинка во Куклиш ветена уште пред шест години од страна на градоначалникот Зоран Заев. Група граѓани од ова населено место јавно го прашаа струмичкиот градоначалник каде е градинката која во 2010 им ветил дека ќе ја изгради за една година. Тие велат Зоран Заев вети и излажа дека ќе ја гради градинката, а во меѓувреме ниту ги посетил ниту пак им објаснил каде е градинката која јавно им ја ветувал цели шест години.