Груевски оствари средба со граѓаните на Љубин со што ги ислуша нивните барања и беа договорени повеќе конкретни работи. Беше посочен проблем со катастарско упишување на денационализирани парцели, за што беше договорено директорот на катастар со стручна екипа утре во 12 часот да дојде на лице место и да се разгледа можноста за изнаоѓање на решение со граѓаните. Во 10 часот е договорен состанок во ЈСП со цел поинтензивно обраќање на автобусот број 32 до населеното место Љубин. На барање на граѓаните за наредната година е договорена реконструкција и помош во опремување на училиштето.