
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 9:15 часот се случила на автопатот Петровец-Скопје.
Од СВР Скопје велат во несреќата учествувале „Ланд Ровер“ во тетовски регистерки таблички, товарно возило „Цитроен“ со штипски ознаки и автомобил „Фиат“ со скопски таблички.