Македонија како држава ги обезбедува сите неопходни услови и можности за хуман прием на мигрантите, нивниот краток престој во прифатните центри и транспорт до северната граница од каде продолжуваат кон нивната крајна цел рече националниот координатор за намалување ризици од несреќи Живко Јанкуловски кој заедно со директорката на центарот за управување со кризи денеска беше во посета на прифатниот камп во Гевгелија. Според најавите деновиве се очекува нов бран на мигранти за кој Јанкуловски информираше дека државата со сите надлежни институции е подготвена да го прифати.