Граѓаните кои во минатото користеле државно земјиште и плаќале надомест за тоа сега бесплатно ќе можат да го приватизираат. Истата можност им се дава и на сопствениците на куќи и станови кои ќе можат да го приватизираат земјиштето под објектот, со што трето лице кое се јавува како корисник иако нема објект на местото повеќе нема да фигурира.
Поранешните сопственици ќе треба да платат само за имотниот лист и другите трошоци кои нема да ги чинат повеќе од 1000 денари.