Кинеската енергетска компанија CEFC го купи мнозинскиот пакет акции во фудбалскиот клуб Славија Прага, еден од најстарите фудбалски клубови во Чешка.
CEFC е шеста по големина приватна компанија во Кина со основно работење во секторите на енергетиката и финансиите. Во петок објави дека ќе купи 59,97 отсто од уделот во чешкиот фудбалски клуб Славија.