Градоначалникот на Куманово да поднесе проект за решавање на проблемот со канализацијата во селото Романовце и финансиски средства ќе бидат обезбедени. Ова го посочи премиерот Груевски на денешната средба со граѓаните од ова населено место. Тој информираше дека Владата издвојува средства за решавање на вакви проблеми, но кумановскиот градоначалник не доставил ниту еден проект.