Од идниот месец основците од Куманово ќе учат во подобри услови. По Романовце Премиерот Груевски изврши увид и на градежните работи на кумановскотот училиште Тулис Зурдумис каде владата инвестира 5, 1 милион денари за поправка на училиштето. Целосната негова реконструкција треба да заврши во октомври. Од таму Груевски го посети и најстарото училиште во градот, Браќа Миладиновци кое исто така се модернизира . Според надлежните во ова училиште подолго време не е ништо инвестирано.