Зоран Заев со години ги лаже струмичани. Ветувањата за покривање на пазарот Чешел се еден од мноштвото примери за тоа како тој со години лаже за една иста работа, реагираа советниците од ВМРО ДПМНЕ. На прес конференција советничката група на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш информираше дека во 2011 година Заев ветил покривањето на пазарот кое ќе го направи во 2012, но не го исполнил ветувањето. Истиот проект го ставил во буџетот за 2013 година но повторно не го одржал дадениот збор и уште еднаш ги излажал пазарџиите и граѓаните на Струмица.