Цените на бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, а цената на дизелот и екстра лесното останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денара за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари за литар.