Спортските игралишта во Сарај зјаат празни. Наместо да спортуваат, младите во општината се заложници на локалната самоуправа која не им ги дава на користење. Обраснат со трева и рѓосани штици за седење. Вака изгледа фудбалскиот терен во село Љубин. Камерата на Сител не забележа некој да се грижи за објектот кој изгледа запуштено. Не е многу поразлична сликата и во Шишево. Заклучено и со извадени мрежи, тениското игралиште изградено од Владата не е во функција на жителите.
Тениското игралиште во село Шишево е под клуч. Интерес од селаните има, но не и од општината.