Благ пад на цената на становите може да се очекува кај приватните инвеститори. Од Државно претпријатија за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека цената по која во моментот се продава метар квадратен е нереално висока. Простор за намалување има. Очекува приватните инвеститори да ја изедначат со онаа која ја нуди ова државното претпријатие.
Државната статистика објави дека во изминатите 5 години цената на становите се намалила за 11%. Раздвижување на пазарот и корекција на цената надолу започна со Владиниот проект Купи кука купи стан.