Прифатниот центар за мигрантите во Гевгелија ќе добие вода пиење од градскиот водовод. Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец освен со техничка која се доставуваше со помош на цистерни од сега центарот ќе го снабдува и со вода за пиење. За таа намена веќе е направена посебна линија која треба да го поврзува прифатниот центар со водоводната мрежа која го снабдува и градот Гевгелија.