
Почнува комплетната реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Станува збор за инвестиција вредна 215 милиони денари, а тендерот за градежните работи кои ќе почнат кон средината на идниот месец, е веќе објавен.