
Економијата, инвестициите и новите работни места, се вториот најголем предизвик на Владата, заедно со членството во ЕУ и НАТО, рече денеска премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод Денот на независноста, 8 Септември.
Груевски најави дека финишираат разговорите со четири крупни компании, а повеќе други треба да почнат со работа.