64 актери од од земјата и странство оваа година влегуваат во трка за единствената награда за високо актерско остварување која го носи името на македонскиот театарски бард Ристо Шишков.
Дваесет и третото издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков кој е посветен на актерот и актерската започнува вечерва и ќе трае пет дена. Оваа година за време на петте фестивалски дена во Струмица ќе бидат одиграни 13 претстави од кои 12 во официјална конкуренција и една која на затварањето ќе се игра во чест на наградениот актер.