Со 4 милиони евра инвестиција, министерството за здравство најави комплетна реконструкција на специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Целосно ќе биде сменет ликот на амбулантите, лабораторијата, операционите сали и болничките оддели. За две години кога треба да завршат градежните работи, пациентите ќе добијат современа здравствена установа по сите светски стандарди.