Бесплатен зимски одмор за нова група деца во социјален ризик. Во јануари по 6 дена во крушевските одморалишта ќе се рекреираат 1000 основци. Министерството за труд и социјална политика го објави повикот кој ќе трае 14 дена. Право да ги користат овие бенефиции имаат ученици од петто до деветто одделение кои доаѓаат од семејства корисници на социјална и постојана парична помош, со пречки во развојот како и деца без родители и родителска грижа.