Напливот на мигранти кои влегуваат во државата не стивнува. Проценките на УНХЦР велат дека во изминатите три дена од јужната кон северната граница поминале 10.000 мигранти. Најголемиот број од нив околу 6000 биле регистрирани во понеделникот. И покрај големиот број на мигранти кои секојдневно влегуваат на македонска територија состојбата е под целосна контрола, а нивниот превоз се одвива непречено.