Започна снимањето на францускиот филм ,,А фонд,, на скопската обиколница.
Филмот изобилува со каскадерски сцени, за кои ќе се користат најсовремени техники и опрема за првпат применети во нашата држава.
Ова е досега најголемата странска инвестиција во филмската индустрија во Македонија.
Режисер на оваа семејна акциона комедија, е Николас Бенаму,чии досегашни филмови се вистински хит во цела Европа. Само еден кадар од филмот ќе се снима на најмалку 4-5 километри, а една сцена ќе се повторува по неколку пати.