Македонија очекува Полска да ја даде потребната поддршка за членство на нашата земја во НАТО. Претседателот Иванов вчера оствари средба со новоизбраниот полски претседател Анджеј Дуда во рамки на Економскиот форум во Круница Полска. Образложи дека меѓудругото на средбата разговарале за претстојниот самит на Нато кој догодина ќе се одржи во Полска. На состанокот било отворено и прашањето што се може земјата домаќин да направи во поглед на нашето членство во Алијансата.
Шефот на македонската држава попладнево ќе учествува и на Форумот на млади лидери.