
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа особено во западните и југозападните делови повторно ќе бидат обилни и проследени со грмежи и со засилен ветер, а се очекува во текот на утрешниот ден да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер.