Сообраќајна несреќа утрово се случи во Скопје. До несреќата дошло околу 8 часот кај населбата Автокоманда, во близина на бензинската Лукоил. Се судриле два автомобили, од кои едниот Џип. На местото на настанот има застој на сообраќајот.
Засега не е познато дали има повредени и колкава материјална штета е причинета.