Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска,заедно со директорката на НУ Музеј Куманово и со пратеникот Зоран Ѓорѓиевски свечено ја пуштија во употреба 19-тата сувенирница на граничниот премин Табановце. Поставувањето на вакви значајни сувенирници е проект кој се наоѓа во програмата на Владата на РМ.
Станува збор за 20 сувенирници во кои граѓаните ќе може да си купат сувенири што го отсликуваат богатото културно наследство на Македонија.