
На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржи Ден за високи гости на „Летниот кампус 2015“, во чии рамки ќе биде реализирана вежба на која ќе биде претставен тактичко- борбениот тренинг со оклопни транспортери, медицински тренинг, урбани операции, тренинг со импровизирани експлозивни направи, медијација и преговарање, како и медиа тренинг.