
Продуцентската компанија „Фокс“ синоќа ги објави првите кадри од новите епизоди на популарната телевизиска серија „Досиеја Икс“.
Промоцијата е дел од кампањата под наслов „201 ден Досиеја Икс“, со која продуцентската куќа најави дека секој ден до премиерата на првата епизода од новата сезона, љубителите на серијата ќе може да гледаат по еден исечок.