MENI

Во струмичките села се живее како во 19тиот век

Градоначалникот Зоран Заев не е заинтересиран за проблемите на село Добрејци велат дел од жителите на ова населено место. Тие се пожалија дека биле заборавени од градоначалникот на Струмица кој   на сите избори ветувал проекти за равој на  Добрејци како приградска населба, но никогаш досега во неговите мандати не создал услови за тоа. Тие велат дека селото било оставено само на себе со услови како во деветнаесетиот век. Поради лошата состојба на патот такси компаниите веќе не сакаат да возат во ова населено место, додавајќи дека центарот на селото и при најмал дожд бил под вода.

Pages